Безживотните тела на четири лица биле извлечени од морскиот дел североисточно од грчкиот остров Самос, по нова несреќа со мигранти, додека, пак, спасени биле 16 лица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Безживотните тела на четири лица биле извлечени од морскиот дел североисточно од грчкиот остров Самос, по нова несреќа со мигранти, додека, пак, спасени биле 16 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција информираа дека во тек е акција за спасување и пронаоѓање на евентуално исчезнати лица, а вклучени се патролни бродови и копнени сили.

Според грчката телевизија ЕРТ, несреќата се случила откако пластичен чамец во кој се пренесувал засега непознат број мигранти, удрил во карпа, а меѓу загинатите се и две деца.

Ова е трета несреќа со мигранти во Грција од почетокот на седмицава, со оглед на тоа што во понеделникот во две одвоени несреќи животот го загубија вкупно 9 лица.

Share This Article