More

    Русија нападна со рекордни 188 дронови

    spot_img

    Русија во вторникот лансираше рекорден број од 188 Шахеди и други беспилотни летала против Украина, во една ноќ, соопштија од воздухопловните сили, објави Киев индепендент.

    Украинската воздушна одбрана наводно соборила 76 беспилотни летала низ 17 области, додека, пак, 95 биле „изгубени“, веројатно благодарение на средствата за електронско војување. Пет беспилотни летала летале во Белорусија според воздухопловните сили.

    Русија распореди евтини „камиказe“ беспилотни летала, како дроновите Шахед од иранско производство, против украинските градови и инфраструктура, уште од првата година на војната. Москва ги засили нападите со беспилотни летала во последниве месеци, при што предупредувањата за воздушни напади се слушаат секојдневно во големите градови како Киев.

    „За време на нападот во текот на ноќта, Русија лансираше рекорден број јуришни беспилотни летала од типот Шахед и други беспилотни летала од непознат тип од правците на Орел, Брајанс, Курск и Приморско-Ахтарск во Русија“, се вели во соопштението на воздухопловните сили.

    Москва лансираше повеќе од 2.000 ударни беспилотни летала против Украина во октомври, соборувајќи го претходниот рекорд, поставен во септември, за речиси 700, според украинскиот Генералштаб.

    Во разговор со парламентот на 19 ноември, претседателот Володимир Зеленски рече дека си поставил цел да развие ефективна контрамерка на нападите со беспилотни летала од типот Шахед.

    „Украина исто така беше нападната со четири балистички ракети Искандер-М во текот на ноќта на 26 ноември“, соопштија од воздухопловните сили.

    Најмалку две лица загинаа, а над 40 се повредени во руските напади изминатиот ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img