Мал авион кој патувал за главниот град на Костарика, Сан Хозе, се урна во понеделникот попладне, соопштија властите.
Петмина од шесте патници загинаа во авионската несреќа, пренесува Ројтерс.
Пожарникарите објавија дека ги лоцирале остатоците од леталото и потврдија дека повеќето луѓе загинале.
Шестото лице, идентификувано од Црвениот крст како 31-годишна жена, е во критична состојба.
Сите лица во авионот биле од Костарика, според управата за цивилна авијација на земјата.