Најмалку 11 лица загинаа синоќа во израелски напади врз Појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија.
На северот на Појасот Газа, седум лица загинаа, а неколку се повредени во воздушен напад врз станбена куќа во Џабалија.
Едно лице загина во воздушен напад на куќа во Беит Лахија.
Во центарот на Појасот Газа две лица загинаа при гранатирање на кампот Нусејрат.
Во Рафа, на југот на територијата, едно лице загинало, а неколку други се ранети во воздушен напад, покажуваат податоците на Цивилната одбрана.
Околу 44.000 Палестинци загинаа во Појасот Газа во израелската воена офанзива, од кои повеќето цивили, соопшти Министерството за здравство на таа палестинска територија.
Војната во Газа беше поттикната од нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас во јужен Израел во октомври минатата година, во кој беа убиени 1.206 луѓе.