Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) од утрово спроведуваат голема акција на повеќе локации против меѓународните шверцери на дрога.
Оваа информација за Н1 ја потврди Јелена Миовчиќ, наведувајќи дека акцијата се однесува на организиран криминал и недозволена трговија со наркотични дроги.
Таа посочи дека повеќе информации ќе се знаат подоцна.
Независните дознаваат дека цел на операцијата е Здравко Шагољ ака Писке, поранешен генерал на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО).
Шагољ е поранешен висок воен функционер на ХВО, односно поранешен командант на бригадата „Херцег Стјепан“.
Акцијата е од меѓународен карактер и истовремено се одвива и во други земји, а кај нас се спроведува по налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина.