По денешните немили случувања во српкото Собранието, претседателот Александар Вучиќ на Инстаграм напиша „дека на непристојноста, невоспитанието и ароганцијата во иднина ќе одговориме со уште повеќе работа“, јави дописникот на МИА од Белград.
„Без разлика на тоа што сум загрижен поради дивјачкото однесување на некои пратеници во Народното собрание на Република Србија, секојдневното малтретирање што го вршат низ целата наша држава, сакам да ги смирам граѓаните и да им порачам дека на нивната грубост, невоспитание и ароганција ќе одговориме со уште повеќе работа во иднина. Тие денеска се обидоа да ги спречат пензионерите да ги добијат зголемените пензии и вработените во јавниот сектор нивните зголемени плати. Нема да им пројде. Србија нема да застане!“, напиша срспкиот претседател Александар Вучиќ.