More

    Измамници праќаат лажни е-пораки во име на Фондот за здравство

    spot_img

    Граѓани добиле лажни е-пораки во име на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), a од ФЗО апелираат да не се наседнува на лажните пораки за да не бидат злоупотребени лични податоци и трансакциски сметки.

    „Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки што им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-адреса, а како да се од ФЗО. Во лажните пораки, што не се испратени од е-адресата на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека, наводно, системот со управување трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства, по што треба да кликнат на одреден линк“, појаснуваат од ФЗО во денешното соопштение.

    Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност, да пријават во Службата за компјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи.

    „Фондот веќе го пријави случајот во МВР“, потенцираат оттаму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img