Се упокои митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј.Како што дознаваме од извори во црквата, тој починал денеска во болница.
Владиката Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето. Тој долги години имаше срцеви проблеми, а во 2013 година доживеа полесен инфаркт на синодската седница.
Роден е во 1951 година во Младо Нагоричане, кумановско, со световно име Славе Јовановски.
За архиереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година.