More

    Хамнеи ја бара крвта на Нетанјаху и на Галант наместо нивно апсење

    spot_img

    Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека против лидерите на Израел треба да се изрече смртна казна, наместо налози за апсење, објави Ројтерс.

    – Тие издадоа налог за апсење, но тоа не е доволно. Треба да се изрече смртна казна за овие криминални лидери – рече Хамнеи, мислејќи на израелските лидери.

    Изјавата на Хамнеи доаѓа по објавата на Меѓународниот кривичен суд за налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, како и на еден од лидерите на Хамас, Ибрахим Ел Масри, за кого се верува дека е мртов.

    Во својата одлука, судиите на Меѓународниот кривичен суд рекоа дека има разумни основи да се верува дека Нетанјаху и Галант се кривично одговорни за дела вклучувајќи убиства, прогон и гладување како воено оружје што е дел од „широк и систематски напад врз цивилното население во Газа“.

    Одлуката наиде на бес во Израел, кој ја нарече срамна и апсурдна. Жителите на Газа изразија надеж дека тоа ќе помогне да се стави крај на насилството и да се изведат одговорните за наводните воени злосторства пред лицето на правдата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img