Поради снежни врнежи и поради други неповолни временски услови, наставата е прекината во 20 од 81 провинција во Турција и во одредени области во пет провинции поради силно невреме во државата, јавува Си-Ен-Ен Турк.
Училиштата денеска ќе бидат затворени поради снежни виулици, мраз и невреме во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурти, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмараш, Ерзинџан, Киршехир, Кастамон, Караман, Малатија и во други провинции.
Поради снежни врнежи и мраз, училиштата ќе бидат затворени во некои делови на уште пет провинции, а раководството на некои области одлучи да ја прекине наставата утре.
Во провинцијата Малатија, на истокот на земјата, од снежните наноси на патиштата се спасени 787 лица.