More

    Вучиќ говореше за масакрот во Сребреница

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си каде изјави дека цел на државата ѝ е да стане полноправна членка на Европската унија и дека никогаш не го признала Косово.

    – Нашата цел е Србија да стане полноправна членка на ЕУ, но да ги има нашите традиционални пријатели и партнери на исток… На патот кон Европа не можете да постигнете ништо без мир и без стабилност – изјави Вучиќ.

    Тој потсети дека американскиот претседател, Доналд Трамп, го прашал дали има проблеми со Кинезите, а тој одговорил дека нема.

    Во врска со Косово, Вучиќ изјави дека Србија никогаш не го признала Косово.

    – Никогаш не сме го признале Косово. Никогаш не било кажано, никогаш не било напишано. Се трудиме да живееме во мир – изјави српскиот претседател.

    На прашањето за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ потсети дека бил нападнат за време на неговата посета на тој град и дека 109 земји од светот во Генералното собрание на ОН го делат мислењето на Србија за тоа дали станува збор за геноцид.

    – Секогаш бев подготвен да признаам дека масакрот во Сребреница беше страшен… Секогаш сум подготвен да им оддадам почит на жртвите, но не сум подготвен да зборувам на тој начин и да поставувам нови политички прашања и нови политички проблеми. Никој не негира што се случи во Сребреница. Верувам во помирување во регионот, но не верувам во таков наратив што ќе донесе повеќе конфликти – изјави Александар Вучиќ.

    За прашањето за „големосрпската идеологија“, Вучиќ вели дека тоа е измислена приказна од луѓе кои сакаат да ѝ нанесат штета на Србија.

    – Зарем не е малку лицемерно во целиот свет да се обединуваат народи кои имаат ист јазик и ист идентитет, а за тоа се обвинува Србија… Србија има свои граници според уставот и резолуциите. Ништо повеќе не ни треба – објасни тој.

    Вучиќ укажа на фактот дека западните земји земаат повеќе нафта и гас од Србија, иако ѝ воведоа санкции.

    – Седиме само на српското столче. Многу сум горд на тоа. Тоа значи дека ние самите одлучуваме – рече претседателот на Србија и додаде дека ставот на Србија е принципиелен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img