Непознати напаѓачи убија најмалку десет лица во северната авганистанска провинција Баглан.
Ова денеска го соопшти портпаролот на МВР, Абдул Матин Кани, пренесува Ројтерс.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година и ветија дека ќе ја вратат безбедноста во земјата разурната од војна.
Сепак, нападите продолжија, а одговорноста за многумина ја презеде локалниот огранок на Исламската држава.