More

    Меган Маркл фотографирана во ретко излегување, танцувала насмеана од уво до уво

    spot_img

    Меган Маркл деновиве е фотографирана во ретко излегување. Таа присуствувала на презентацијата на линијата за коса на познат бренд во Лос Анџелес. Елегантна и шик како и секогаш, Меган носела црн корсет и класични црни панталони, а целиот стајлинг го искомбинирала со минималистички накит и црни сандали.

     

    Меган пристигнала со своите пријатели Кади Ли и Мајк Харис, а вечерта ја поминала позирајќи пред фотографите. Странските медиуми пишуваат дека се дружела и со фризерот Серж Норман и шминкерот Даниел Мартин. Во текот на вечерта таа се опуштила и танцувала. Меган изгледала многу опуштено и цело време била насмеана.

     

    Видеата со Меган од настанот се проширија на социјалните мрежи, а на многумина им било чудно што принцот Хари не дошол со неа.

    Парот последен пат беше виден во јавноста на почетокот на месецот и тоа преку – видеозапис. Хари и Меган тогаш ги усогласиле стајлинзите за снимање на видеото по повод Светската конференција на министри за борба против насилството врз децата. Во својот говор тие го истакнале проблемот со онлајн насилството. И двајцата носеле значки со мотив од афион во чест на војниците загинати во Првата светска војна.

    Тоа беше нивно прво заедничко појавување по три месеци, откако последен пат беа видени заедно во Њујорк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img