По повеќе од еден месец, во родниот Вулверхемптон, Велика Британија, беше погребан Лиjам Пејн (31), поранешен член на бендот „Уан дирекшн“.
Ужалената маса луѓе се собрале неколку минути пред почетокот, а на погребот присуствуваа бројни познати личности. Меѓу првите кои се појавија беа Хари Стајлс и Луис Томлинсон, а недолго потоа се појавија и Зејн Малик и Најл, членовите на поранешната група „Уан дирекшн“.
И неговата девојка Кејт Кесиди, која била со него во Аргентина, стоела и плачела. Со неа бил, нејзиниот пријател Демијан, инаку синот на актерката Елизабет Харли.
Видно потресен пристигнал и Сајмон Кауел, човекот кој го формираше „Уан дирекшн“, бендот кој им донесе светска слава на Лијам и на момчињата.
Кога сите влегле во црквата, ковчегот на Лијам Пејн бил донесен во бела кочија која го влечеле коњи, со два цветни аранжмани. На едниот, ставен од синот на Лијам, Бер, пишувало „тато“, а на другиот, ставен од родителите на Лијам, на кој пишувало „син“.
Да потсетиме, Лијам Пејн починал на лице место откако паднал од балкон на хотелска соба во Буенос Аирес. Британските медиуми јавувија дека пејачот паднал од височина од 13 метри, на платото во внатрешниот двор на хотелот, каде што се наоѓаат ресторанот и базенот.
Во моментот на падот немало гости во ресторанот на хотелот, бидејќи ресторанот е затворен од 16:00 до 19:30 часот.