More

    Републичките и покраинските пратеници и советниците на опозициските партии во градското собрание втор ден по ред ја блокираат зградата на судот и обвинителството во Нови Сад

    spot_img

    Републичките и покраинските пратеници и советниците на опозициските партии во градското собрание втор ден по ред ја блокираат зградата на судот и обвинителството во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

    Нив утринава ги пречекаа силни полициски сили пред обвинителството. Набргу по почетокот на блокадата почна интензивно туркање со припадниците на полицијата кои ги предупредија пратениците дека ќе употребат сила доколку не се тргнат и не го ослободат пристапот до судот.

    Пратениците во републичкото собрание, Срѓан Миливојевиќ, Радомир Лазовиќ и Павле Грбовиќ, успеаја да влезат во зградата на судот, а полицијата потоа застана на вратата. Во тоа кошкање со полицијата, Радомир Лазовиќ се онесвести, а Миливојевиќ му укажа помош.

    Во меѓувреме реагираше и министерката за правда, Маја Поповиќ, која ја оцени блокадата како „притисок врз судството досега невиден во историјата на Србија“.

    Пратениците на опозицијата бараат Вишото јавно обвинителство да соопшти кои се осомничените за пропустите кои доведоа до пад на натстрешницата и до смртта на 15 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img