Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ситуацијата пред зградата на обвинителството и судот во Нови Сад, каде што претставниците на опозицијата организираа блокада, во моментов е мирна и дека, според неговите сознанија, можно е вработените во оние институциите да влезат на нивните работни места.
Дачиќ за ТВ К1 изјави дека улогата на полицијата е да се погрижи работата на тие институции да не биде блокирана и протестот да помине без проблеми.
„Дури и народните пратеници употребуваат сила, но полицијата ќе направи се за се да помине мирно. Никој нема право да удира, да турка полиција, да прави криминални дела, да напаѓа службено лице. Сега ситуацијата е мирна, нема многу луѓе, ги има педесетина“, изјави Дачиќ.
Како што додава, полицијата може да интервенира, но предупредува дека кога ќе се „вади палката, нема запирање“.
Тој што крева рака и ја удира полицијата повеќе не е политички активист, туку силеџија“, рече Дачиќ.
Претставници на опозицијата утрово втор ден по ред повторно се собраа нешто по 7 часот и 30 минути пред зградата на Обвинителството во Нови Сад, кое го блокираа, а на самиот почеток дојде до туркање со полицијата.
Предупредување до учесниците на протестот
Дачиќ потоа преку официјално соопштение ги предупреди учесниците на протестите во Србија дека полицијата „нема да толерира нарушување на јавниот ред и мир и загрозување на безбедноста на земјата и државните институции“.
Тој во писмена изјава предупреди дека нема да се толерираат напади врз полицијата на тие протести.
Секој што ќе ја нападне полицијата ќе биде приведен и ќе биде поднесена кривична пријава за напад на службено лице при вршење на службена должност“, изјави Дачиќ, а пренесуваат од МУП.