More

    Двајцата милијардери стануваат сѐ поблиски

    spot_img

    Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, вчера во Тексас го следеше лансирањето на ракетата „Старшип“ (Starship) на компанијата на милијардерот Илон Маск чијашто силна поддршка ја имаше за време на претседателската кампања.

    Ракетниот систем висок околу 122 метри, дизајниран за пренесување астронаути на Месечината и на Марс, беше лансиран во 16 часот по локално време, од комплексот за развој на ракети на „Спејс икс“ (Spacex) во Тексас, објави Ројтерс.

     

    Ракетниот засилувач, наречен „Супер Хеви“, не бил фатен како што тоа се случило за време на петтиот пробен лет, туку паднал во Мексиканскиот залив, а ракетата „Старшип“ паднала во Индискиот Океан по околу час и половина лет околу Земјата.

     

    Присуството на Трамп на лансирањето сигнализира сè поблиски односи со Маск, од кој се очекува да го искористи своето огромно влијание за да им помогне на своите компании и да обезбеди поволни владини договори.

     

    Маск, првиот на листата на најбогати луѓе во светот, беше истакнат поддржувач на изборната кампања на Трамп, зборуваше на митинзи и ја поддржуваше неговата изборна трка за втор мандат во Белата куќа, со најмалку 119 милиони долари.

    На 13 ноември, новоизбраниот претседател го назначи Маск за еден од лидерите на новиот проект за ефикасност на владата. Основачот на „SpaceX“ и извршен директор на „Tesla“ претходно изјави дека ќе стави крај на непотребните владини трошоци и регулативи за кои рече дека се оптоварувачки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img