Британските медиуми објавија дека пејачот Лиам Пејн ќе биде погребан денеска, 20 ноември, во Велика Британија.
Последното збогување од пејачот Лиам Пејн ќе биде денеска во неговиот роден Вулверхемптон, пишува „Дејли мејл“. Освен семејството и пријателите, се очекува и доаѓањето на колегите на Лиам од поранешната група „Уан дирекшн“.
Лиам Пејн почина на 16 октомври откако падна од третиот кат во хотелот „КасаСур“ во Буенос Аирес, Аргентина. Според извештаите на аргентинската полиција, пејачот имал траги од комбинација од неколку дроги во телото, меѓу кои и „розов кокаин“, кога паднал од балконот.
Извештајот за токсикологија откри траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.
Лиам беше во Аргентина на гостување на концертот на својот поранешен колега од бендот, Ниал Хоран. Починатиот пејач беше придружуван од својата свршеница Кејт Кесиди, која замина од Буенос Аирес два дена пред неговата смрт.