More

    Кој бил модел за нејзиното лице?

    spot_img

    Кога Статуата на слободата била откриена во својата завршена форма на пристаништето во Њујорк, едно дождливо попладне на 28 октомври 1886 година, толпи њујорчани, кои присуствувале на церемонијата на островот Бедло (сегашен Либерти) или гледале од паркот Батери, навивале со задоволство.

    Но, набргу откако било отстрането француското знаме што го покривало лицето на Лејди Либерти, а нејзините црти му биле откриени на светот, њујорчаните почнале да се прашуваат: Кој е инспирацијата зад лицето на статуата?

    Коренот на сѐ почнува од мајката

    Општ консензус е дека францускиот скулптор Фредерик Огист Бартолди – кој поминал две децении создавајќи и завршувајќи ја статуата што ја опишал како сонот на својот живот – ги моделирал цврстата линија на вилицата и одлучниот израз по оние на својата мајка.

     

    Бартолди наводно му го открил ова во 1876 година на еден колега во Франција.

    Иако тој никогаш формално не го потврдил тоа, многумина признаваат дека постои голема сличност помеѓу Статуата на слободата и мајката на Бартолди, Аугуста Шарлот, според порталот Стетју оф либерти тур (Statue of Liberty Tour).

    Но, изобилуваат други идеи: лицето е на римската божица Либертас, египетски селанец, дури и лицето на неименуван човек. Веќе постоеле голем број фигури и споменици посветени на слободата низ целиот свет. Секој од нив служел како инспирација за конечниот дизајн на Бартолди.

    Интригантната теорија за Изабела Бојер

    Но, една интригантна теорија вели дека Бартолди го засновал лицето на статуата на ликот на француско-англиската вдовица Изабела Бојер која наводно се сметала за една од најубавите жени во светот кон крајот на 19 век.

    Бојер, родена во 1841 година во Париз, се преселила во Њујорк во 1863 година, кога имала 22 години, за да се омажи за Исак Мерит Сингер, основачот на компанијата за машини за шиење „Сингер“. Сингер, 52-годишен во тоа време, се стекнал со богатство и слава откако ги подобрил функционалноста и пристапноста на домашните машини за шиење.

    Бојер живела во Њујорк 12 години како сопруга на Сингер и како мајка на шест од неговите деца. (Сингер имал 24 деца од пет жени за време на неговиот живот). Сингер починал во 1875 година. Таа се збогатила од наследството на нејзиниот починат маж.

    Бојер се преселила во Англија со своите деца по смртта на Сингер. Но, очигледно таа во одреден момент се вратила во Париз бидејќи токму тука го запознала Бартолди, според Кристофер Вин, автор на книгата „Никогаш не го знаев тоа за Њујорк“.

    Каква била нивната романса и колку долго траела? Деталите се мистерија, а и не постојат доволно автентични фотографии од Бојер. Сепак, ставот на упатените е дека не е точно дека таа навистина била инспирација за силните, речиси строги црти на лицето на статуата.

    На социјалните медиуми кружи слика од наводната Бојер, но креаторот на фотографијата потврдил дека е лажна, објави Ројтерс.

     

    Но, таа романтична идеја, можноста лицето на Лејди Либерти да се заснова на лицето на жена што скулпторот ја сакал, додава на магијата на приказната за оваа икона на слободата.

    Рециклирање стар проект

    Иако Статуата на слободата е несомнено најпознатото дело на Бартолди, тој бил многу добро познат по друг проект. Статуа која всушност никогаш не била изградена.

    Години пред да ја започне Статуата на слободата, Бартолди бил ангажиран да дизајнира статуа планирана за влезот на Суецкиот канал во Египет.

    Неговото истражување го довело до древните гигантски египетски статуи и, на крајот, до Колосот од Родос. Оваа древна бронзена статуа била висока над 100 стапки и се сметала за едно од седумте чуда на античкиот свет. Фигурата била поставена на влезот на пристаништето во грчкиот град Родос, покажувајќи го богот на сонцето, Хелиос, како носи светло за да ги води бродовите. Звучи познато?

    На крајот, ова го навело Бартолди да го дизајнира она што станало ран модел за Статуата на слободата. Инспириран од Колос, тој создал облечена жена од Блискиот Исток, селанка, која држи огнен факел. Тој ја нарекол „Египет кој ја носи светлината во Азија“.

    Оваа идеја на крајот била отфрлена поради високите трошоци. Но, со години лебдела во умот на Бартолди додека на крајот не успеал да ја оживее на пристаништето Њујорк.

    Можеби е мешавина од повеќе лица

    Сосем веројатно е Статуата на слободата да биде мешавина од Аугуста Шарлот Бартолди, римската божица Либертас, селанецот, па и од таа дополнителна инспирација во умот на уметникот. Резултатот е моќен симбол кој се издигнува од хоризонтот на Њујорк.

    Технологијата доаѓа напомош

    Тешко е да се замисли како би изгледала Статуата на слободата во вистинскиот живот. Но, еден фотошоп уметник ја оживеал со мала техничка магија.

    Погледнете го видеото подолу за да ја видите рекреацијата на можниот лик кој е инспирација за Лејди Либерти.

    фото: Statue of Liberty NM – X
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img