More

    Николоски: Целосно промашување е проектот за автопатот Скопје-Блаце

    spot_img

    Целосно промашување е проектот за автопатот Скопје-Блаце. Тоа е проект кој започнува и завршува никаде. Затоа што идејата била да почне од границата, но во суштина тоа што треба да биде автопат од македонска страна не се спојува со автопатот на косовска страна, рече вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски синоќа во телевизиско гостување.

    Според него, главен проблем е што трипати е менуван проектот за трасата и ова е трета траса по која се работи.

    – Тој оди источно од постојниот граничен премин и автопат од косовска страна. Тоа е првиот проблем, а вториот е што тие два километри завршуваат во еден дол од 50 метри, и тоа е крајот на тие два километра, и не поврзува ништо со ништо. Главниот проблем е што трипати е менуван проектот за трасата. Ова е трета траса по која се работи. Јас извадив во јавноста документи кои ги има издадено техничката асистенција за изградба на овој автопат, бидејќи тука се користат пари од Европската банка. Техничката асистенција е на СУЕС, фирма која го изградила Суецкиот канал. Многу јасно пишува дека поради промената на трасата се случуваат два проблема – изјави Николоски.

    Според него, првиот проблем е тоа што „вредноста на договорот потенцијално расте од 200 милиони на 240 милиони евра со можност да оди уште 20 проценти нагоре, накај 290 до 300 милиони евра, што е далеку од тоа што е проектиран буџет“.

    – Второ во однос на тунелите. Тие не се проектирани согласно европските стандарди и не можат да се изведат на начин на којшто биле проектирани. И сега јас имав избор да влезам во проект и година-две да изгледам фино затоа што ќе велев нели еве почна да се работи, и после година-две да имавме Охрид-Кичево, или пак имав избор да ги земам работите како што јас мислев дека е правилно од почеток, да се решат проблемите па потоа да одиме со изградба на оваа делница – рече Николоски.

    Тој рече дека не сака да зборува за потенцијалниот криминал за промена на земјиште кое го презентирале на пратеничко прашање во Собранието.

    – И да кажам една работа која не е позната во јавноста. Прв пат ја кажувам во јавноста. Ме информираа од компанијата „Бехтел и Енка“, дека кога го граделе автопатот од косовската страна и стигнале практично до граница, ѝ понудиле на македонската Влада, а таа во тој момент за жал немала доволно средства, да го изградат автопатот, односно да продолжат да градат од граница кон Скопје. Тогашната цена којашто ја понудиле била 100 милиони евра. Да ставиме еве дека имаше многу сериозна инфлација во тој период. Доаѓаме до вредност од 100 до 150 милиони евра колку што е проектирано од Европската банка за обнова и развој, но од 170 на 300 верувајте никој не е наивен. Кога му го кажав ова на премиерот на Косово тој се шокираше – рече Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img