More

    Се формираат работни групи за нов колективен договор

    spot_img

    Барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во градинките и прашањето за платите на вработените за време на штрајк биле тема на разговор на денешната средба меѓу министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на која присуствувале претставници од двете страни во дијалогот.

    – Страните разговараа и за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со јуни. Новиот колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување. На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договори следна средба на 17 мај со цел изнаоѓање решенија во рамки на позитивните законски прописи – соопшти Министерството за труд и социјална политкка за денешната средба со СОНК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img