Анџелина Џоли во последните месеци речиси и не се одвојува од децата, а речиси е невозможно да ја видите во јавност со некој друг. Тие ѝ се друштво дури и на црвениот тепих, а неодамна дури и ја ангажирала ќерката Вивиен како асистент на проектот, што изненадило многумина, со оглед на тоа дека девојчето отсекогаш било мошне срамежливо и избегнувало такви работи.
Инаку, на црвениот тепих Анџелина најмногу ја придружуваа посвоените деца Медокс, Пакс и Захара, а Шајло и Вивиен само одвреме-навреме ѝ се придружуваа. Најмалку од нив се појавува близнакот Нокс, кој со години се криеше од јавноста.
Шеснаесет годишното момче, кое Анџелина го доби со поранешниот сопруг Бред Пит, се најде во центарот на вниманието за првпат по повеќе од три години. Анџелина (48) зрачеше со грациозност и гламур во сончев жолт фустан додека чекореше по црвениот тепих со својот син. Нокс беше елегантен во класичен црн костум и вратоврска.
Неговото последно појавување на црвениот тепих беше во октомври 2021 година, кога им се придружи на своите браќа и сестри на лондонската премиера на филмот на Анџелина за Марвел, “Eternals”.
И покрај тоа што има двајца од најпознатите родители во Холивуд, Нокс и неговите браќа и сестри во голема мера останаа подалеку од центарот на вниманието.
– Тие се особено срамежливи, многу приватни и сакаат да бидат приватни – изјави актерката за своите деца во интервју за Е! во октомври.
Медокс (23) и Пакс (20) неодамна работеа зад сцената на претстојниот биографски филм на Анџелина „Марија“, во режија на Пабло Лареин, додека близнакот на Нокс, Вивиен е активна во театарот како асистент продуцент за адаптацијата на Бродвеј „Оutsiders“, проект чиј продуцент е Анџелина.