More

    Скандинавските земји се подготвуваат за војна

    spot_img

    Скандинавските земји се подготвуваат за војна.

    Милиони Швеѓани деновиве добиваат памфлети со совети како да се подготват и да се справат со можна војна или со неочекувана криза. До норвешките домаќинства веќе се дистрибуирани брошурите, а Финска на своето население му испрати онлајн инструкции како да се подготват за кризни периоди.

    „Во случај на војна или криза“ е упатството кое последен пат е ажурирано од шведската влада пред шест години. Населението сега добива нови инструкции поради влошената безбедносна состојба, пред сè војната во Украина. Некогашниот памфлет, сега е упатството е со големина на книга.

    Соседната Финска објави онлајн публикација за тоа како да се „подготвиме за инциденти или кризни ситуации“. Во финската дигитална брошура, во делот поврзан со воениот конфликт, се објаснува како владата и претседателот ќе се однесуваат во случај на вооружен напад, со нагласување дека финските власти се добро подготвени за одбрана. За разлика од Шведска и од Норвешка, властите во Хелсинки одлучија да не ја печатат својата брошура, откако пресметаа дека вкупниот број на примероци за секое домаќинство ќе чини милиони. Покрај тоа, дигиталната верзија може да се ажурира многу полесно и побрзо.

    Секое домаќинство во Норвешка доби упатство

    Норвежаните, исто така, неодамна добија памфлети во кои се повикуваат да се подготват и да складираат  храна за седум дена во случај на екстремни временски услови, војна или други закани.

    „Испративме 2,2 милиони печатени копии, по една до секое домаќинство во Норвешка“, рече Торе Камфјорд, одговорен за кампањата во Норвешката дирекција за цивилна заштита.

    На граѓаните им се препорачува да складираат храна која може да трае долго време, како конзервиран грав, енергетски стапчиња и тестенини. Домаќинствата, исто така, треба да имаат соодветно снабдување со лекови, вклучително и таблети со јод во случај на нуклеарна несреќа.

    Осло претходно во 2018 година испрати слично известување до граѓаните во 2018 година. Камфјорд посочува дека климатските промени и екстремните временски настани како поплави и лизгање на земјиштето го зголемуваат ризикот за населението.

    Швеѓаните упатени да купат компири, зелка и лименки

    Што се однесува до Шведска, идејата за брошура за цивилна подготовка за самоодбрана не е ништо ново. Првото издание на „Ако војната дојде“ беше отпечатено за време на Втората светска војна и ажурирано за време на Студената војна.

    Сепак, една порака од средината на брошурата стигна на почетокот: „Ако Шведска биде нападната од друга земја, никогаш нема да се откажеме. Сите информации дека отпорот ќе престане се лажни“.

    Шведското мени вклучува компири, зелка, моркови и јајца, како и лименки со болоње сос и супа од боровинки и шипинка. Една од најважните препораки е да се складира доволно храна и вода за 72 часа.

    Финците да набават таблети со јод

    Брошурата за Финците содржи упатства што треба да прават граѓаните во одредени сценарија и ги повикува да бидат способни да се одбранат барем во првите моменти во случај на кризна ситуација.

    Финците се повикуваат да се подготват за живот без струја во зимски услови и температури од 20 степени под нулата. На нивната задолжителна листа се таблетите со јод, како и храната која лесно се подготвува, како и храна за домашните миленици и уреди за складирање на електрична енергија.

    Не толку одамна, Финска и Шведска беа неутрални земји, а нивната инфраструктура и целиот одбранбен систем датираат од Студената војна.

    Шведскиот министер за цивилна заштита Карл Оскар Болин минатиот месец рече дека глобалниот контекст е променет и дека информациите што се дистрибуираат до домаќинствата мора да ги одразуваат тие промени. Претходно оваа година тој предупреди дека е можна војна во Шведска. Неговата изјава беше протолкувана како повик за тревога, поради неговиот став дека обновувањето на системот за „тотална одбрана“ се одвива премногу бавно.

    Поради долгата граница што ја дели со Русија и сеќавањето на војната со Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна, Финска отсекогаш одржувала високо ниво на одбрана. Меѓутоа, Шведска ја намали својата воена инфраструктура и дури во последните години почна да ја обновува.

    „Финска никогаш не заборави дека војната е можна, додека во Шведска луѓето треба да се потресат за да сфатат дека тоа навистина може да се случи“, вели Илмари Каико, професор по воени студии на Шведскиот универзитет за одбрана, по потекло од Финска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img