Девојката на трагично починатиот пејач Лиам Пејн, Кејт Кесиди, наводно му поставила ултиматум пред неговата смрт: „Јас или дрогата“, пренесува британски „Мирор“. Пејн ја „избрал“ дрогата, поради што Кејт ја напуштила Аргентина. Потоа, под дејство на дрога, Лиам паднал од балконот на својот хотелски апартман на третиот кат во Буенос Аирес.
Кејт, која беше со Лиам во Аргентина додека тој чекаше да му биде обновена американската виза, не се согласувала со тоа што користел наркотици. Тоа наводно предизвикало многу проблеми во нивната врска, која започнала пред околу две години.
Извор за „Њујорк пост“ изјавил: „Неговата употреба на дрога предизвикуваше многу проблеми. Затоа таа му постави ултиматум: или таа или дрогата. Тој ја избра дрогата, па таа мораше да си оди“.
Кејт и Лиам првично планирале да останат во Аргентина само пет дена, но нивниот престој бил продолжен на две недели, што наводно не и одговарало.
Кејт, инаку позната инфлуенсерка, пред да замине од Аргентина, им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи и им објасни дека „мрази“ да остане долго време на едно место и дека мора да се врати во нивниот дом на Флорида. Изворот додал дека Кејт им рекла на пријателите дека се чувствува како заложник бидејќи нивниот одмор постојано се продолжувал.
„Беше многу нездраво за сите. Таа се надеваше дека тој ќе ја следи назад во Мајами“, додаде изворот.
Два дена по трагичната смрт на Лиам, Кејт скршена од болка, сподели трогателна порака на социјалните мрежи во чест на својот покоен партнер. Во емотивното обраќање таа призна дека е „целосно изгубена“.
Таа на Инстаграм напиша: „Ти благодарам за сите убави зборови и љубов што ми ги даде. Целосно сум изгубена. Ништо што се случи во последните неколку дена не изгледа реално. Ве молам дајте ми простор и време да го проживеам ова приватно. Лиам, мојот ангел. Ти ми беше сè. Сакам да знаеш дека те сакав безусловно и целосно. Ќе продолжам да те сакам до крајот на мојот живот. Те сакам, Лиам.“