БЕЛИОТ КИТ ХВАЛДИМИР НЕ БИЛ ШПИОН, НО РУСИТЕ ГО ТРЕНИРАЛЕ

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мистериозниот кит белуга наречен Хвалдимир не шпионирал за Русија, но бил трениран да чува руска база на Северниот Пол од која побегнал, смета д-р Олга Шпак, Украинка која работела во Русија на истражување морски цицачи во 1990-тите. Приказната за Хвалдимир можеби е разрешена.

– За мене тоа е 100% сигурно. Китот белуга носел ремен што содржи држач за камера – изјави експертката за Би-Би-Си.

Мистериозниот кит првпат го привлече вниманието на јавноста пред пет години кога им пријде на рибарите на северниот брег на Норвешка.

– Китот почнува да се трие од чамецот . Слушнав за животни во неволја кои инстинктивно знаеја дека им треба помош од луѓето. Мислев дека ова е еден паметен кит. Да се види ваков кит беше невообичаено бидејќи белугата е многу питома и ретко се забележува на југ. Китот носеше и ремен со држач за фотоапарат на кој на англиски јазик беше испишано „Опрема Санкт Петербург“ – вели Џоар Хестен, еден од рибарите.

Рибарот Хестен го припитоми китот, кој потоа доплива до блиското пристаниште Хамерфест, каде што живееше неколку месеци. Го крстија Хвалдимир, од хвал што значи кит на норвешки и Владимир, името на рускиот претседател Путин.

Хвалдимир ги шармираше посетителите буткајќи ги нивните камери, сликајќи се со нив, а во една прилика им врати мобилен телефон.

– Беше очигледно дека овој кит бил трениран да го става носот на сè што личело на мета, бидејќи тоа го правел секој пат – вели Ев Џордејн, истражувач од норвешкиот институт Орка.

Експертката Олга Шпак открива дека Хвалдимир првпат бил фатен во 2013 година во Охотското Море на Далечниот Исток на Русија.

Година подоцна, тој бил преместен од објект во сопственост на делфинариум во Санкт Петербург во воената програма на Северниот Пол.

- Advertisement -
Ad image

– Она што го слушнав од момците од комерцијалниот делфинариум што го имаа беше дека Андруха е паметен, па добар избор да се тренира. Но, во исто време, тој беше некако како хулиган, активен белуга, па не беа изненадени што (китот) се откажа од бродот и отиде каде што сакаше.

Хвалдимир, или Андруха, како што го викале руските тренери, веројатно бил трениран во поморска база на Мурманск, смета Шпак. На сателитските снимки од базата можат да се видат јата од бели китови.

Русија има долга историја со тренирање на морски цицачи за воени цели.

- Advertisement -
Ad image

За жал, неверојатната приказна на Хвалдимир нема среќен крај. Откако научил да се храни, поминал неколку години патувајќи на југ долж норвешкиот брег и во мај 2023 година бил забележан во близина на брегот на Шведска.

На 1 септември 2024 година, неговото тело беше пронајдено како лебди во морето, во близина на градот Рисавика, на југозападниот брег на Норвешка.

Дали долгата рака на Русија ја фати неволната белуга? И покрај тоа што некои активистички групи сугерираат дека китот бил застрелан, тоа објаснување е отфрлено од норвешката полиција.

Тие велат дека ништо не сугерира дека човечката активност директно ја предизвикала смртта на белугата.

Обдукција на телото откри дека Хвалдимир починал откако стап му се заглавил во устата.

Share This Article