More

    ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА НА „БРЕИНЧАЈЛД“

    spot_img

    Владата ќе исплати државна помош на две одделни инвестиции на компанија „Бреинчајлд“ кои се однесуваат на изградба на нов објект во Битола и адаптирање на лабораторија за истражување и развој. Денеска премиерот Христијан Мицкоски и сопственикот и менаџер на компанијата „Бреинчајлд“ Ралф Хенинг Гросел потпишаа договори за соработка.

    Двете компании на брендот „Бреинчајлд“ кои работат во земјава – Бреинчајлд продукција и Бреинчајлд производство планираат да инвестираат во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и изградба на целосно нов објект во индустриската зона Жабени во Битола.

    Двете инвестиции се во вкупна вредност од 11 милиони евра и ќе се реализираат во период од 5 години. Се планира да се вработат вкупно 240 лица.

    – Бреинчајлд продукција поднесе писмо за намери и деловен план за реализација на инвестициски проект за индустриско истражување на почетокот на 2024 година. Инвестицискиот план вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план и договорот за државна помош, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2,5 милиони евра во период од 5 години, при што се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места – рече Мицкоски на прес конференцијата по потпишувањето на договорите.

    Тој информира дека втората компанија „Бреинчајлд производство“ ќе гради целосно нов објект.

    – Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3.000 м2 во индустриската зона Жалбени кај Битола и да вработат околу 200 лица. Според инвестициските планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8,5 милиони евра. И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање одржливи материјали – рече Мицкоски.

    „Бреинчајлд“ е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Производите вклучуваат крила, едра и дополнителна опрема за летање и сурфање на вода.

    Бреинчајлд е иновативна компанија која комбинира техничко знаење и практично искуство во целокупниот процес на производство, притоа посветувајќи сериозно време и фокус на одржливи производни практики и циркуларна економија во комплетниот производен циклус.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img