More

    Кремљ се спрема да нападне во Запорожје

    spot_img

    Володимир Зеленски изјави дека украинската војска во рускиот регион Курск сега задржува 50.000 непријателски војници, што ги ограничува способностите на Русија да напаѓа во рамките на Украина. Тој долго време тврдеше дека тоа е главната цел на украинската офанзива во Курск, објави Би-Би-Си.

    Според американскиот Институт за проучување војна, Русија имала стационирано 11.000 војници во Курск пред изненадувачкиот упад во август, во кој украинските сили зазедоа значајна територија, вклучувајќи го градот Суџа.

    Повикувајќи се на американски проценки, Њујорк тајмс објави дека Русија успеала да собере 50.000 војници за противофанзивата во Курск без да повлекува единици од источна Украина. Весникот вели дека во Курск се распоредени и пристигнатите севернокорејски војници.

    И САД и Украина велат дека Северна Кореја има испратено над 11.000 војници во Русија.

    – Главниот заповедник на нашата војска, Олександр Сирски, изврши инспекција на украинските единици во Курск. Тие во моментов задржуваат 50.000 окупаторски војници, кои инаку би биле распоредени во други офанзивни активности на нашата територија – кажа Зеленски.

    Тој најави дека Украина ќе ги засили своите позиции на источниот фронт кај Покровск и Курахове каде што руските сили силно напредуваат, додека, пак, украинската војска кажа дека Русија се подготвува да нападне и на југот, во регионот Запорожје, каде што префрла обучени ударни единици.

    – Нападот може да почне во блиска иднина, очекуваме да се случи во следните денови – изјави портпаролот на јужниот воен сектор, Владислав Волошин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img