Песков е скептик дека Шолц ќе го одржи зборот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сè уште не се добиени сигнали од германскиот канцелар Олаф Шолц за продолжување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај укажувањата од германска страна, изјави денеска во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ако кажат дека доаѓаат сигнали, тогаш ќе треба да ги чекаме. До денес, нема сигнал – рече Песков.

Кремљ постојано ја потврдува својата подготвеност за дијалог меѓу двајцата лидери, пренесе агенцијата ДПА.

Во гостување на АРД Шолц вчера рече дека сака да разговара со Путин во блиска иднина, но дека нема да го стори тоа сам.

– Претходно се потребни разговори со други лидери – рече Шолц.

Путин во четвртокот повтори дека е отворен за разговори со западните лидери, но дека не може прв да крене телефон, бидејќи тие го прекинале контактот.

Шолц последен пат разговараше телефонски со Путин во декември 2022 година за да повика на дипломатско решение за војната во Украина и повлекување на руските трупи по инвазијата во февруари истата година.

Песков рече дека Кремљ забележува одредена нервоза на Западот по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, но дека е прерано да се зборува за промени во европските позиции.

– Но, постојат официјални објаснувања од европските претставници кои се однесуваат на продолжување на нивната генерална линија на обезбедување секаков вид поддршка.

- Advertisement -
Ad image

И на обичен руски јазик, тоа значи пумпање оружје во Украина за да се продолжи оваа војна до крај, рече портпаролот на Кремљ.

Share This Article