ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација, му порачал претседателот на ДУИ Али Ахмети на евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата во партиското седиште во Тетово.
ДУИ соопшти дека Ахмети и амбасадорот Рокас долго разговарале за сите политички прашања во Македонија.
Ахмети порачал дека за нив евроинтеграциите се без алтернативи и дека ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите со ЕУ и за спроведување на реформите, без никакво одлагање и со политички консензус.
„Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на Владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн. Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор“, соопшти ДУИ.
Ахмети повторил дека политичкиот дијалог мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници.
„Тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија. Ахмети повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година“ соопшти ДУИ.