More

    Светски познатиот музичар Стив Аоки редовно фрла торта на својата публика, но овој пат замавна толку силно што буквално онесвести едно момче

    spot_img

    Светски познатиот музичар Стив Аоки редовно фрла торта на својата публика, но овој пат замавна толку силно што буквално онесвести едно момче.

    Пејачите да бидат „затрупани“ на сцена со цвеќиња и кадифени играчки не е ништо ново, но за музичарите да фрлаат торта на својата публика не е ниту нормално, ниту вообичаено.

    Токму тоа го прави музичарот и светски познатиот диџеј Стив Аоки. Пред неколку дена на својот концерт, Аоки толку силно замавнал со тортата што буквално онесвестил еден од своите обожаватели.

     

    Тој на својот инстаграм-профил објави видео од инцидентот, а коментарите беа поделени:

    „Жали ја Боже, тортата“, „Повторно го направи тоа“, „Кога мене ме удри со торта, ме болеше повеќе од породувањето!“

    Најмалку беа оние кои изразија загриженост за здравјето на момчето, кого Аоки го онесвести, што не е чудно, бидејќи обожавателите доаѓаат на концерти со молби напишани на транспаренти: „Cake me“, односно „Удри ме со торта “.

    Сепак, никој не очекуваше дека ударот ќе биде фатален.

     

    Во исто време, Аоки никогаш не прави ништо случајно. Сите торти мора да бидат правоаголни, со одредена тежина и украсени со шарена глазура за да изгледаат како роденденски торти.

    „Тортите треба да се прават според строги спецификации“, изјави тогаш менаџерката на Аоки, Џули Мари за американските медиуми.

    Нејзината задача е да донесе торта од слаткарница на плех од стиропор, чии димензии се 25х25 сантиметри. Тортата не смее да тежи повеќе од половина килограм, односно да биде доволно лесна за Аоки лесно да ги фрли и да не повреди никого, но и доволно силна за да не се распадне на почетокот на „летот“.

    Вкусот на тортата не е од пресудно значење, но слаткарите од „Темелен леб и печиво“ кои најчесто ги прават, навеле дека „избегнуваат да прават нешто што е со лош вкус, само затоа што ќе биде фрлено од сцената“.

    „Некој можеби дошол на концертот не само за да ужива во музиката на Стив Аоки, туку и за да ја добие оваа торта по целото лице, да ја излиже глазурата, можеби дури и да изеде некој залак“, рекле слаткарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img