Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека веројатно е лоша вест за Украина што Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, бидејќи, како што наведе, Трамп не сака да одвојува премногу пари за Киев.
Медведев на Телеграм објави дека Трамп има една карактеристика што е корисна за Русија, а тоа е дека како бизнисмен не сака да троши премногу пари на „лоши добротворни проекти и на алчни меѓународни организации“, пренесе РИА Новости.
Медведев рече дека прашање е колку средства Трамп ќе биде принуден да издвои за војната во Украина бидејќи, како што наведе, американскиот систем е посилен и покрај упорноста на Трамп.
Тој посочи дека е убеден оти Владимир Зеленски ќе реагира песимистички на победата на републиканецот на претседателските избори во САД.
„Во секој случај, денес зелениот џган во Киев ќе биде покриен до уши во бел прав“, заклучи поранешниот руски претседател.