Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, изјави дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп кој победи на претседателските избори во САД, ќе биде тестиран за неговите тврдења дека може да ја заврши војната во Газа за неколку часа по преземањето на функцијата.
– Го повикуваме Трамп да научи од грешките на претседателот Џозеф Бајден – изјави Абу Зухри за Ројтерс.
Трамп минатиот месец му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека сака Израел да ја прекине војната во Појасот Газа додека тој се врати на функцијата, доколку победи на изборите, објави тогаш „Тајмс оф Израел“ , цитирајќи поранешен функционер од администрацијата на Трамп и едно официјално лице од Израел.