Единиците за противвоздушна одбрана на Украина во текот на ноќта уништиле 38 од вкупно 63 руски беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Уште 22 руски беспилотни летала исчезнаа над украинска територија, објавија воздухопловните сили на Телеграм без детали.
Воздухопловните сили претходно изјавија дека изгубените беспилотни летала обично се пресретнуваат по електронски пат.
Жителите останаа без струја во регионот на Миколаев по нападот на локалната енергетска инфраструктура, јавува Ројтерс.
Регионалните власти во Киев, исто така, соопштија дека остатоците од дрон предизвикале отворен оган, но дека клучната инфраструктура не е оштетена.
Исто така, беше објавено дека Русија доцна синоќа лансирала два ракети кон јужниот дел на Одеса.