Автомобил во движење вчера се запали околу 17 часот на автопатот Велес – Скопје, по патарината Отовица, предизвикувајќи моментална вознемиреност кај останатите учесници во сообраќајот.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица Велес, повикот за интервенција го добиле во 17:05 часот, по што веднаш излегле на терен со една противпожарна единица и четворица пожарникари.
– Возилото беше изгаснато за кратко време, а повредени, за среќа, немаше – информираат од велешката Противпожарната единица.
За среќа во пожарот немало повредени лица па поради тоа не била повикана екипа од Брзата помош – Велес за да интервенираат.
Причините за пожарот засега не се познати, а настанот е под истрага на надлежните органи.