More

    „Доналд Трамп дефинитивно победува“, ѝ порачаа обожавателите

    spot_img

    Холивудската актерка Шерон Стоун (66) откри дека гласала за Камала Харис на претседателските избори што се одржуваат во моментот во Америка.

    „О, да, о да, о да, таа може“, напишала таа на фотографијата што ја објави на Инстаграм. Актерката позираше во црна маичка со натпис „Госпоѓа претседателка“.

     

    Во коментарите на актерката ѝ се јавија многу следбеници и обожаватели кои го поддржаа нејзиниот глас, но имаше и такви кои напишаа дека „Доналд Трамп дефинитивно победува“.

    Инаку, во кампањата пред претседателските избори во САД се вклучија многу познати личности, меѓу кои и актерките Џенифер Гарнер, Џулија Робертс и Џејн Фонда. Настапите на славните личности ги зајакнуваат пораките за гласање, вели Кристијан Грос, професор по политички науки и академски директор на Институтот Шварценегер на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

    „Ако непознато лице тропне на врата, тоа само остава впечаток на тој гласач. Кога славна личност го прави тоа, создава медиумско покривање и објави на социјалните мрежи кои допираат подалеку од тој дом“, рече Грос.

    Дали тоа ќе се претвори во поголем одговор зависи од славната личност и околностите. Мегаѕвездите како Опра Винфри можат да имаат значително влијание. Нејзината поддршка за Барак Обама во 2007 година е заслужна за милион гласови во текот на прелиминарните избори на Демократската партија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img