Захарова нема фаворит на изборите во САД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На Русија не ѝ е грижа како ќе завршат претседателските избори во САД бидејќи постои консензус за конфронтација со Москва, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– На Москва, генерално, не ѝ е грижа како ќе завршат овие избори, имајќи предвид дека во САД е формиран двопартиски консензус кој се однесува на конфронтацијата со нашата земја – посочи Захарова, одговарајќи на новинарско прашање дали победата на кој било од кандидатите на претседателските избори во Америка да претставува некоја суштинска разлика.

Покрај тоа, таа рече дека Москва ќе биде подготвена да ги разгледа предлозите на Вашингтон, односно нивната компатибилност со руските интереси по изборите.

– Доколку нешто се промени во американската политика и има предлози упатени до нас, ќе бидеме подготвени да ги проучуваме во согласност со руските интереси – додава Захарова.

Портпаролката на руското МНР изјави дека Москва одлучно ќе ги брани своите интереси во секој случај, особено кога станува збор за прашањата за националната безбедност.

– Би било логично шефот на Белата куќа, кој и да е, да биде фокусиран на решавање на проблемите на својата земја и да не бара авантури десетици илјади милји подалеку од американскиот брег – рече Захарова.

Портпаролката рече и дека Русија сака американскиот народ да ја надмине кризата на демократијата и поделеноста во општеството.

Во САД денеска беа отворени гласачките места за претседателските избори, каде граѓаните го избираат шефот на државата меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и кандидатката на владејачките демократи Камала Харис.

Избирачките места се отворени во повеќе од 20 сојузни држави во источниот дел на САД, од вкупно 50 каде што ќе се отвораат постепено поради временската разлика.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article