Американскиот рапер Шон Диди Комбс вчера го прослави својот 55-ти роденден, но зад решетки. Музичкиот магнат веќе извесно време е во затвор во Бруклин, каде што добил специјален повик. Имено, неговите деца, меѓу кои и синот Џастин Диор Комбс, телефонски му го честитале роденденот.
Во видеото кое Џастин го објави на Инстаграм, децата на Диди се собрани околу роденденската торта. Најмладата ќерка Лав ја запеала традиционална роденденска песна и во негово име ја дувнала свеќата. Потоа во снимката можело да се слушне како раперот на телефон им зборува на децата дека ги сака и дека се гордее со нив.
„Ви благодарам што сте силни. Ви благодарам што цело време сте на мојата страна и ме поддржувате. Го имам најдоброто семејство на светот. Среќен сум поради овој повик, се гледаме за неколку дена“, порачал Диди. Споменатото видео на Џастин брзо собра повеќе од 170.000 лајкови, а набрзо почнаа да пристигнуваат и бројни коментари.
„Тој и понатаму им е татко. Лудост е тоа што сите вие сте лути затоа што децата сè уште го сакаат“, „Без разлика што направил како родител, тој никогаш не ги изневерил своите деца“, „Една работа што ги научил е да се држат заедно“, „Тој човек е одличен татко, тоа никој не може да му го одземе“, се дел од коментарите на следбениците.
Да потсетиме, со оглед на тоа што роденденот го прослави зад решетки, годинава немаше ниту една негова забава. Но, затоа можеше да избира од бројните опции кои се наоѓаа на „менито за славење“. Менито не беше специјално создадено за Диди, туку јадењата што затворот традиционално ги нуди во понеделник.
За појадок, тој имал избор од традиционални американски „погачки“ со бел сос, компири печени во рерна, овесна каша и леб со разни додатоци. Ручекот му донел малку повеќе избор, па Диди можел да избере пица со сирење или италијанска салата со тестенини.
Роденденското мени го заокружило избирајќи помеѓу пржен ориз со тофу или пилешко, а му понудиле и мисирка со мешунки, сос, леб и пијалак по негов избор. Сепак, оброкот не можел да го дополни со кафе, кое ќе му биде недостапно до сабота.