More

    Српскиот претседател ја коментираше оставката на Весиќ

    spot_img

    Српскиот претседател Александа Вучиќ се пожали дека на протестите по несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, се бара „неговата глава“.

    Во телевизиско гостување на емисијата „Кирилица“ Вучиќ рече дека единствена шанса на незадоволните да ја урнат српската влада е преку референдум.

    – Ако 50 отсто од народот се согласи со тоа на референдум, јас нема да бидам претседател на Србија ниту еден ден. Јавно ветувам дека тој ден ќе поднесам оставка и ќе се оди на нови претседателски избори. Ако народот каже дека е за разрешување, не му треба процедура, тој ден ќе си поднесам оставка и не сум претседател. Така си ги решиле сите свои проблеми. Тоа можеме да го направиме во јануари, март или мај, изберете кога сакате, но не го малтретирајте овој народ – изјави Вучиќ во гостување на емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“.

    На прашањето дали ќе има уште оставки по онаа на српскиот министер за градежништво и транспорт Горан Весиќ, српскиот претседател одговори потврдно, но рече дека не го принудил Весиќ да ја даде оставката.

    – Веднаш рекоа дека Вучиќ го натерал да поднесе оставка, но морам да ги разочарам и да кажам дека не сум. Реков дека ќе ја почитувам волјата на премиерот и политичката и човечката чесност на Горан, но не го ни советував да го стори тоа – рече Вучиќ велејќи дека по

    Тој рече дека Весиќ ќе остане во СНС и ќе продолжи „да работи и да се бори заедно“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img