More

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи предлогот на Филипче за намалување на ДДВ на храната

    spot_img

    Веројатно сè уште неосвестениот богаташ од Дубаи предложува законско решение кое, што исто како и претходно предложеното, е со низа на грешки, одговори денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски на предлогот на пратеникот од СДСМ Венко Филипче, кој достави предлог-закон до  Собранието за укинување на ДДВ на основните прехранбени производи.

    „Поднесува законско решение, со кое што, замислете, ќе се намалувало ДДВ на храната. Лидерот на СДСМ во друштво со економските креатори на владата на СДСМ од тој период, Фатмир Бетиќи и Димитар Ковачевски, предлага вакво решение, иако истите тие луѓе претходно четири пати одбија такво законско решение.
    Да ја потсетам јавноста, тие го покачија ДДВ-то на над 2.000 прехранбени производи од 5 отсто на 10 отсто и ни делеа нутриционистички совети дека голем дел од таа храна не била здрава, па затоа се покачува данокот. Ние како пратеничка група нема да поддржиме едно вакво законско решение, бидејќи продолжува дневно -политичкото препукување со економски теми од истите луѓе кои што ја донесоа Македонија во ваква девастирана економска состојба – рече пратеникот Стојановски.

    Ваквите законско решенија, додаде тој, не придонесуваат за зголемување на квалитетот на животот на граѓаните, туку за креирање на дневно-политички теми, преку законски решенија полни со технички грешки, кои што потоа се поправаат на наредните прес-конференции, проследени со извинување.

    Стојановски реагираше дека Филипче кажал лага кога рече дека потрошувачката кошничка се намалила само за 57 денари.

    – Да ги слушаа синдикатите и да имаа посериозна комуникација со нив, ќе знаеја дека тоа не е вистина, бидејќи цената за храната за 30 дена се намали за 965 денари. Манипулацијата со цената на минималната синдикална кошничка ја прави Венко Филипче, искористувајќи го покачувањето на цената на облеката – рече тој.

    Пратеникот Филипче денеска на прес-конференција најави дека СДСМ поднесе закон со кој месечните трошоци за храна на грѓаните ќе се намали од 1.200 до 2.000 денари.

    „Во предлогот за измени на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ за прехранбените производи, односно од 5 проценти на нула за сите 250 основни производи за исхрана. Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари,  ефектите од намалувањето на ДДВ на нула  ќе донесе заштеда за граѓаните до 2.000 илјади денари месечно. Она што е најважно е дека за спроведувањето на предлог-законот е се потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски – рече Филипче.

    Тој ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот.

    Филипче, исто така, ја повика Владата итно да го примени Законот за нефер трговски практики и да ги заштити граѓаните.

    – СДСМ со овој закон создаде системско решение со кое воспостави јасни правила за да не може да се манипулира со цените на производите, а од друга страна се воспоставува ред во односите меѓу трговците и добавувачите на прехранбени производи. Владата да престане да тактизира со Законот за нефер трговски практики и веднаш да почне неговата примена. Со законот се регулираат 26 нефер трговски практики, со кои над 2.500 земјоделски и прехранбени производи ќе имаат ограничени маржи од 10%. Тоа значи дека нема да има неосновано покачување на цените и создавање на дополнителни трошоци кои директно ги погодуваат граѓаните – рече Филипче.

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Стојановски на ова одговори дека Законот за нефер трговски практики веќе е влезен во сила и дека оваа недела ќе биде комплетиран составот комисијата за заштита од конкуренција.

    – Го повикувам Венко Филипче со неговата пратеничка група денеска да почнат да го разгледаат буџетот кој што треба да влезе во собраниска процедура и да ја закажат собраниската расправа, да не бегаат од собраниската расправа. Да ги видат ставките за покачувањето на пензиите, за покачувањето на платите, за капитални инвестиции. Да дадат амандмани кои што ќе бидат сериозни и кои што ќе може да се поддржат. На тој начин најдобро може да придонесат за подигнување на стандардот на граѓаните. Да ги напуштиме ваквите политички тези кои што немаат врска со реалноста и да се фокусираме на конкретни работи – рече Стојановски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img