More

    Инвеститорите се внимателни в очи изборите во САД

    spot_img

    Берзите денеска се под силен притисокот на претседателските избори во САД, одлуките на американската централана банка како и резултатите на компаниите кои излегуваат во текот на оваа недела.

    На светските берзи се тргува внимателно бидејќи инвеститорите не се подготвени на поголеми ризици. Така е и на европските берзи.

    Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше на 9,30 речиси непроменет во однос на петокот. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,43%, на 8.212 поени, а париски CAC за 0,09%, на 7.415 поени. Франкфуртскиот DAX се лизна, пак, за 0,07%, на 19.245 поени.

    На азиските берзи цените на акциите пораснаа. Азискиот индекс MSCI беше зголемен за 0,8%, откако минатата недела падна на најниско ниво во последните пет недели.

    Во исто време, цените на акциите во Хонг Конг, Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1,8%.

    Американските берзи, пак, се во пад речиси целата измината недела, будејќи беа фокусирани на резултатите на големите компании.

    Индексот Dow Jones изгуби 0,2% минатата недела, на 42.052 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,4%, на 5.728 поени, а индексот Nasdaq се намали за 1,5 отсто, на 18.239 поени.

    Претседателските избори во САД се одржуваат утре, а анкетите покажуваат еднакви изглед и за двајцата кандидати.

    Два дена подоцна, челниците на американската централна банка ќе ги соопштат своите одлуки од дводневната редовна седница.

    Пазарот очекува ФЕД да ги намали клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, во опсег од 4,50 до 4,75 отсто.

    Инвеститорите очекуваат истото намалување на каматните стапки да се реализира и во декември,

    Голем број други централни банки, вклучително и британската и австралиската, ќе одржат седници оваа недела.

    Оваа недела ќе бидат објавени низа значајни макроекономски показатели од најголемите светски економии, а ќе се следи и продолжението на сезоната на објавување квартални деловни резултати на компаниите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img