12 планинари синоќа беа пронајдени од страна на тетовската полиција во близина на косовската граница.
Случајот во полицијата го пријавил нивни пријател околу 21.30 чсот откако не може да стапи во контакт со нив, што иницирало итна акција за нивно пронаоѓање.
Групата, составена од жители на селата Боговиње, Лисец, Раковец, Пршовце и Тетово, последен пат се јавила кога била на местото „Три Чешми“, блиску до границата со Косово. Во акцијата, полицијата ги лоцираше планинарите во добра здравствена состојба и сите беа пренесени во Клиничката болница во Тетово за дополнителни прегледи.
Од СВР Тетово изјавија дека акцијата била успешно завршена и дека планинарите биле пронајдени во стабилна состојба, без сериозни здравствени компликации.
– Нашите тимови брзо реагираа по пријавата и го организираа пребарувањето на теренот, благодарение на што групата беше безбедно лоцирана. Безбедноста на граѓаните, особено во планинските региони, останува наш приоритет – велат од полицијата.