Македонец загина во несреќата во Нови Сад

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонец загина во несреќата во Нови Сад, соопшти вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој отиде на местото на трагедијата, која се случи денеска околу 12 часот, кога големата бетонска настрешница на влезот на железничката станица се урна врз луѓе. Загинаа 14 лица, но има и исчезнати.

– Нè снајде голема трагедија. Главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе. Сè уште не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Србија, едно е од Македонија. Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините на загинатите. Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме сè за да ја минимизираме штетата и што е можно повеќе да им помогнеме на луѓето кои ги загубија своите најлиски – рече претседателот Вучиќ во солзи.

Тој додаде дека не знае зошто настрешницата не е реновирана при децениската реконструкција на железничката станица. Рече дека за ова „сите сме виновни во последните 60 години“.

– Нема да се занимавам со оние кои и се криеле од одговорност под покровителство на властите. Барам од Вишото овинителство во Нови Сад одговорните за тоа што се случи да
бидат кривично гонети и најстрого казнети. Барам и политичка и кривична одговорност – рече Вучиќ.

Вишото јавно овинителство во Нови Сад информираше дека во текот на истрагата од урнатините досега се извлечени 14 тела на починатите. Идентификувани се две женски лица – А.Р. (20.) и А.Ќ.С. (35) и пет машки лица – Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45 години).

Share This Article