Автомобилскиот производител „Порше“ повлекува околу 10.600 автомобили со бандажи со централна брава бидејќи е констатиран проблем кој може да предизвика откачување на тркалата. Централното заклучување е вообичаено кај спортските автомобили.
Се повлекуваат некои модели од сериите 911, 718 и „Panamera“. Идентификуваните возила се произведени помеѓу 1 септември 2023 година и 23 октомври 2024 година.
– Сепак, не се засегнати сите модели од тој период со централна брава – изјави портпаролот на Порше.
„Порше“ инсистира овие автомобили да не се возат додека не се поправат бидејќи прицврстувачите на тркалата може да се олабават, што може да доведе до откачување на тркалата и губење на контролата на возилото.
Од компанијата велат дека секој сопственик на возило ќе добие порака да се јави во нејзините сервиси каде што бесплатно ќе бидат заменети зглобовите со завртки на нивните автомобили.