More

    Нарачал 22 тона „чедар“ за измислена француска фирма

    spot_img

    Детективите кои работат на кражба на 22 тони сирење од познатиот лондонски производител и продавач на сирење „Нилс Јард“(Neal’s Yard Dairy) уапсија 63-годишен маж под сомнение за измама со лажно претставување и ракување со украдена стока.

    Познатиот лондонски производител на сирење испорача 950 ролни од брендот „чедар“, наводно во вредност од 300.000 фунти, на измамник кој се претставувал како дистрибутер на големо за голем француски трговец на мало, пишува Гардијан.

    Постои сомнеж дека сирењето било испорачано во Русија или на Блискиот Исток, како што тврдат добавувачите на компанијата која била измамена на 21 октомври.

    – Шеесет и тригодишниот маж е ослободен со кауција во очекување на понатамошни испитувања. Увидот е во тек – изјави портпаролот на Метрополитен полиција.

    Кражбата му нанесе голем финансиски удар на лондонскиот производител на сирење.

    На кражбата реагираа голем број компании од секторот, меѓу кои и познатиот готвач Џејми Оливер.

    Тој ги предупреди своите 10,5 милиони следбеници на Инстаграм да бидат претпазливи од „камиони со сирење што се продаваат по намалена цена“.

    „Имаше голем грабеж на сирење. Украдени се некои од најдобрите чедар сирења во светот. Тоа е вистински срам. Ако слушнете дека скапо сирење се продава по ниска цена, тоа веројатно го продава виновникот“, напиша тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img