More

    Имал ли судир на интереси со издавачката куќа „Три“?

    spot_img

    Антикорупциска комисија ќе истражува дали поранешниот директор на Фондот за иновации и доскорешен потпретседател на СДСМ, Коста Петров, ги прекршил правилата и на издавачката куќа „Три“ ѝ доделил речиси 6 милиони денари, за кофинансирање на проект за едукација, пишува ТВ 24.

    Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска кусо ја потврди информацијата дека по анонимна пријава ДКСК отворила предмет против Петров. Сепак, вели таа, допрва ќе треба да се испита дали постои судир на интереси, со оглед на фактот дека оваа издавачка куќа ги печатела сите досегашни книги на Петров.

    Петров пак, за ТВ 24 рекол дека ниту склучил договор со издавачката куќа „Три“, ниту донел одлука за нејзино финансирање.

    – И да сум сакал, не сум можел – вели тој – затоа што носењето одлука за финансирање на проекти, воопшто не е во надлежност на директорот туку на Комитетот за одобрување на инвестиции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img