Владата ќе обезбеди двотретинско мнозинство за ослободување на судството

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во текот на следната недела ќе почне процесот на темелна реформа на Републичкиот судски совет, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Одговарајќи на прашање од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, дали владата очекува двотретинско мнозинство за темелна реформа на Судскиот совет, Мицкоски одговори дека во координација со министерот за европски прашања, како и министрите за надворешни работи, правда и внатрешни работи, и сите други засегнати, ќе се започне процес на консултации и реформи.

Тој изрази уверување дека сите пратеници ќе гласаат за реформите, кои се препорака од Европската Унија.

– Јас сум убеден дека сите пратеници во Парламентот ќе гласаат за една таква реформа која е препорака од ЕУ. Доколку тоа не се случи, јас сум убеден дека Владата ќе обезбеди двотретинско мнозинство за една ваква реформа, со која ќе се стави крај на заробениот Судски совет и судство и обвинителство, кое ја влече правдата назад – изјави Мицкоски

Тој рече дека судско-обвинителскиот систем во Македонија е катастрофален и тоа што е пример за заробено судство е денес практично македонското судство.

– Би сакал да посочам неколку работи кои мислам дека се многу важни. Имено, од страна на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се врши брутална партизација на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители. Нешто што досега не е запаметено. Имаме демократски избрана власт со повеќе од 600.000 гласови, а од друга страна има неколкумина во судската власт кои се слепи послушници на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Отприлика вака функционира нашиот судско-обвинителски систем – рече Мицкоски на пратеничко прашање за состојбите во правосудството и Академијата за судии и обвинители.

Тој посочи примери како илустрација.

– За член на УО на Академијата за судии и обвинители од редот на судиите, Судскиот совет ја избра од сите, Антоанета Димовска, сестра на поранешната пратеничка на СДСМ Снежана Калевска Ванчева. Таа е избрана од страна на Судскиот совет за член на УО на Академијата и тоа е спротивно на закон, бидејќи не е од редот на судиите, односно е член на Судскиот совет. Тоа претставува избрана или именувана функција и не смее истовремено да врши функција во орган на управување, како што е УО на Академијата за судии и јавни обвинители – посочи Мицкоски.

Има судир на интереси, дополни тој.

- Advertisement -
Ad image

– За заменик на Димовска е назначена е Емел Кранли, прва братучетка на Ветон Кранли, кој е љубител на монети и близок соработник на Оливер Спасовски кој своевремено го назначил за началник на одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ. Одиме понатаму. Исто така за член на УО во Академијата од редот на јавните обвинители, Советот на јавни обвинители ја назначил Душица Димитриеска, мајка на Ема Нешкоска, инаку актуелен член на Советот на Општина Гостивар од СДСМ и кандидат за пратеник на пратеничката листа од истата партија во изборна единица 6 на последните парламентарни избори – рече премиерот.

Тој истакна дека секогаш кога ќе се отвори темата за распуштање на судскиот и на обвинителскиот совет веднаш излегуваат експерти, кои долги години биле послушници на СДСМ и на ДУИ, да ги бранат позициите дека тоа не може да се направи.

– Ова е дел од анамнезата, а што е решението? Решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, затоа што ако вака продолжиме следниот извештај на ЕК нема да биде ваков, туку ќе биде негативен. Затоа што сè уште тие кои што слугуваа на коалицијата СДСМ и ДУИ се водечки во судско обвинителскиот систем – заклучи премиерот Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article