Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември 2024 година изнесува 5,41% и забележа незначително месечно и годишно намалување од 0,03 и од 0,08 процентни поени, покажуваат податоците на Народна банка.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити се зголеми на месечно и на годишно ниво за 0,05 односно 0,42 процентни поени.
Во септември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечен и годишен пад од 0,06 процентни поени и изнесува 4,98%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е повисока за 0,17 процентни поени и изнесува 2,60%.
Овој месец, просечната каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66% , а на новоодобрените кредити се намали за 0,01 процентен поен и изнесува 5,27%.
Просечната каматна стапка на депозитите за домаќинствата изнесува 1,97%. Во септември каматата се зголеми за 0,03 процентни поени и изнесува 2,79%.
Кај корпоративниот сектор просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,15%, а на новите кредити одобрени во септември е намалена за 0,12 п.п. и изнесува 4,78%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 2,34%, што претставува месечен раст од 0,14 процентни поени.