Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави денеска дека нуклеарното оружје мора да се отстрани од евроазиската територија со цел деескалација на тензиите во светот.
– Првин, за вистинска деескалација и за почеток на дијалог, неопходно е да се отстрани американското нуклеарно оружје од територијата на Евроазија – рече Лукашенко на втората меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск.
Според него, на второ место е елиминирањето на практиката на воведување незаконски санкции без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
– Трето, треба да се развие нов договорен и правен механизам за да се создаде транспарентен и разбирлив режим на контрола врз новите смртоносни технологии кои можат да го уништат целото човештво дури и без нуклеарно оружје – додаде Лукашенко.
Овој тип технологија, рече тој, вклучува ласери, хиперзвук, квантни електромагнетни системи и други напредни технологии.
Четвртата точка, додаде Лукашенко, е забраната за употреба на кибер-оружје.