Поранешниот републикански гувернер на Калифорнија и холивудска ѕвезда Арнолд Шварценегер најави поддршка за демократската претседателска кандидатка Камала Харис на изборите во САД следната недела.
Тој рече дека победата на Доналд Трамп ќе значи „уште четири години глупости“.
Во долга објава на мрежата Икс, Шварценегер (77) рече дека иако „не често поддржува кандидати, ја мрази политиката и не им верува на повеќето политичари“, тој чувствува потреба официјално да ги поддржи Харис и Тим Волц.
„Секогаш ќе бидам Американец пред републиканец. Значи, гласам за Камала Харис и Тим Волц. Го споделувам ова со вас затоа што мислам дека многумина од вас се чувствуваат исто како и јас. Веќе не ја препознавате нашата земја и со право сте лути“, се вели во објавата.
Тој нагласи дека моментално не е задоволен ниту од демократите, ниту од републиканците. Смета дека кај демократите има пораст на криминалот во помалите градови. Ги обвинува републиканците дека го заборавиле терминот „слободен пазар“ и го зголемиле буџетскиот дефицит.