И Јужна Кореја ќе замеша прсти во војната во Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јужна Кореја има намера да испрати тим во Украина за да го следи и да го анализира распоредувањето на севернокорејските војници за кои се вели дека се борат на страната на Русија, изјави денеска претставник на претседателската канцеларија во Сеул.

Сеул и неговите сојузници веруваат дека најмалку 11.000 севернокорејски војници се испратени во Русија, а повеќе од 3.000 од нив се веќе стационирани во близина на линијата на фронтот во Украина.

Во меѓувреме, јужнокорејскиот претседател, Јун Сук Јол, разговараше за ова прашање со канадскиот премиер, Џастин Трудо. Според соопштението на претседателската администрација во Сеул, Трудо рече дека распоредувањето на севернокорејските трупи во руско-украинската војна најверојатно ќе доведе до ескалација на конфликтот.

Трудо посочи дека војната ќе има поголемо влијание врз безбедносната средина во Европа и во индо-пацифичкиот регион. Тој, исто така, предложи поблиска соработка меѓу Канада и Јужна Кореја поради развојот на ситуацијата.

САД вчера потврдија дека сега има севернокорејски војници во руската област Курск, а уште неколку илјади се на пат натаму.

Share This Article